Британија ќе го претстави законодавството во врска со Северна Ирска

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе поднесе легислатива до парламентот за еднострано ревидирање на трговските аранжмани за Северна Ирска по Брегзит. Во дописот до Долниот дом се вели дека министерката за надворешни работи Лиз Трас ќе претстави предлог-закон за да се утврди како условите вклучени во протоколот за Северна Ирска ќе бидат дефинирани во домашното право. Овој потег ризикува да ги оштети односите меѓу Лондон и Брисел.

Британија еднострано ќе го менува договорот за Брегзит околу Северна Ирска

Џонсон се согласи со протоколот во 2019 година да и дозволи на Британија да го напушти единствениот пазар на ЕУ и царинската унија без повторно да се воведат контроли на границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска, од витално значење за мировниот договор од Велики петок од 1998 година, кој стави крај на тридецениското насилство. Склучувајќи таков договор, тој практично се согласи на царинска граница меѓу британската покраина Северна Ирска и остатокот од Британија. Лондон сега вели дека протоколот е неостварлив, а неколкумесечните разговори со ЕУ не успеале да најдат никакви решенија.