Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов во интервју за приватното радио „Дарик“ вели дека ја напуштил бугарската владејачката коалиција поради Македонија, додавајќи дека е прекршен коалицискиот договор. Според Трифонов, додека локалните Бугари не бидат дел од уставот на Северна Македонија и не започне имплементацијата на Договорот од 2017 година и доколку тоа зависи од него, Скопје не би ги започнало преговорите за членство во ЕУ. Тој беше дециден дека излегувањето од владејачката коалиција е правилно, бидејќи е помалку лошо од она што почна да се формира.
Петков нема да дозволи Бугарија да влезе во изборна спирала
Според Трифонов, Кирил Петков и Асен Василев се забораваат и се однесуваат на неадекватен начин. Тој е категоричен дека тие треба да се запрат, и дека тој тоа го направил. Во меѓувреме, вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев за БТВ изјави дека не слушнал дека неговата земја се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
Шолц од Бугарија - Има шанса да се постигне напредок
Василев наведе дека бугарскиот премиер Кирил Петков на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц бил сосема јасен дека додека не се исполнат сите услови од бугарскиот парламент и додека Националното собрание не одлучи дека овие услови се исполнети, нема начин Бугарија да го укине ветото.
Василев рече дека постојано се водат разговори за Северна Македонија.