Во Грција е потврден вториот случај на мајмунски сипаници кај 47- годишен маж кој неодамна патувал во Шпанија.Од Националната организација за јавно здравје на Грција, соопштија дека станува збор за втор увезен случај на болеста во земјата, а мажот е хоспитализиран и е во стабилна состојба.
Примероците биле испратени и во Лабораторијата за микробиологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун за потврда на вирусот.
СЗО: Бројот на нови инфекции со коронавирус и смртни случаи паѓа речиси насекаде во светот
Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека „според досега достапните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација и понатаму е ниска, бидејќи болеста е обично блага и се карактеризира со релативно ниска преносливост“ и додаваат дека информирањето за случаи на мајмунски сипаници во земјата ќе се врши на седмично ниво, секој четврток.
Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше потврден во средата кај маж кој неодамна патувал во Португалија.