Над 48 милиони Французи со право на глас денеска може да гласаат во првиот круг на парламентарните избори за 577 пратеници.
Центристите на претседателот Емануел Макрон се надеваат дека после вториот круг, закажан за две недели, ќе освојат мнозинство за да ги спроведат реформите кои Макрон ги вети на почетокот на својот втор мандат во мај.
Наумовски – Нејасната европска перспектива ќе ги засили критиките кон Преспанскиот договор
Според последните истражувања на јавното мислење, центристичката коалиција Заедно на Макрон и сојузот на левичарски партии предводен од лидерот на крајната левица Жан-Лик Меланшон ќе добијат приближно ист изборен резултат – меѓу 26 и 27 отсто.
Изборната кампања, која не предизвика голем интерес кај Французите и поради што се очекува мала излезност на гласањето, заврши во петокот на полноќ.
Во Франција кампањата за парламентарните избори без ентузијазам
Гласањето во француските прекуморски територии се одржа во саботата.
На трето место би била екстремната десница на Марин Ле Пен, а на четврто десничарските Републиканци.
За мнозинство во Парламентот се потребни 289 пратенички места.
Вториот круг треба да се одржи на 19 јуни. Првичните резултати на излезните анкети се објавуваат брзо по затворањето на гласачките места.