Германскиот канцелар Шолц во посета на Македонија

Со највисоки државни и воени почести премиерот Димитар Ковачевски утрово го пречека германскиот канцелар Олаф Шолц, кој е во еднодневна официјална посета на Северна Македонија.

Претходно на аеродромот во Скопје германскиот канцелар го пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи.


Во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници на надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
Шолц во Скопје доаѓа по неговата посета на Приштина и Белград, во рамки на дводневната посета на регионот.

По посетата на Скопје, германскиот канцелар заминува за Софија, на средби со бугарскиот државен врв.