Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во во неговата колумна за „Политико“, посветена на ЕУ перспективата на регионот порачува дека ЕУ мора да ги интегрира државите од Западен Балкан до 2033 година, а првиот чекор да биде деблокада на Македонија и Албанија.
„Мојата порака денес е јасна: во согласност со поставените критериуми, да понудиме интеграција на целиот Западен Балкан во ЕУ до 2033 година – амбициозна, но остварлива временска рамка. А првиот чекор мора да биде одлука за две седмици во Брисел за деблокирање на патот на Северна Македонија и Албанија, пишува грчкиот премиер.
Во Солун самит во рамките на Процесот за соработка во ЈИ Европа
Мицотакис во колумната се осврнува и на Солунската агенда од 2003 година за Западен Балкан и вели дека речиси 20 години подоцна, „пристапните процеси станаа сè покомплексни и понапорни, а визијата стана матна, избледувајќи во очите на фрустрираните и разочарани граѓани.
„ЕУ постојано зборува за конкретна посветеност на Западен Балкан и очекува целосно исполнување на поставените услови и реформи. Сепак, регионот ова го толкува како замор од проширувањето на ЕУ и постојано поместување на целите. Војната во Украина само го зголеми чувството дека фокусот на ЕУ се менува“, пишува Мицотакис.
Во пресрет на Самитот на високо ниво во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што денеска се одржува во Солун, грчкиот премиер во колумната под наслов „Време е европското проширување да се врати на вистинскиот пат“, порачува дека „ЕУ мора да го исполни ветувањето од Солун за Западен Балкан“.