Група руски пратеници поднесоа нов предлог-закон со кој дополнително ќе се ограничи правото на граѓаните да одржуваат мирни демонстрации и протестни собири.
Предлог-законот предвидува забрана на собири во близина на државни објекти и витална инфраструктура, универзитети, болници или верски објекти.
Со законските измени целосно се забранува организирање на протестни акции од групи или поединци кои се прогласени за „странски агенти“.
Предлог-законот доаѓа по неколку протести кои се одржаа во Москва против руската неиспровоцирана инвазија врз Украина.