Рускиот претседател Владимир Путин повлече историски паралели меѓу војната на императорот Петар Велики со Шведска и актуелната ситуација во Русија. Тој ова го изјави за време на неговиот состанок со млади претприемачи пред Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, кој е засенет од влошувањето на односите со Западот поради руската инвазија на Украина.
Репресивна и агресивна - Да. Но, дали Русија е фашистичка?
„Петар Велики ја водеше Северната војна 21 година. Се чинеше дека се бори со Шведска за да зазема територии. Но, тој ништо не грабаше. Териториите ги враќаше назад!“, изјави Путин, додавајќи: „Кога Петар Велики го основаше новиот главен град, ниту една од европските земји не ја признаваа територијата како руска. Сите ја признаваа како шведска територија. Па изгледа исто така ни падна да ги вратиме и зајакнеме териториите, и ако ги земеме овие вредности како основни за нашето постоење, ќе победиме во решавањето на прашањата со кои се соочуваме“.