Германскиот канцелар Олаф Шолц со денешната посета на Косово ја почнува турнејата на Балканот во текот на која ќе ги посети и Србија, Северна Македонија и Бугарија. Според посматрачите, оваа прва посета на Шолц на Балканот како германски канцелар е дел од напорите за решавање на замрзнатите спорови, а главната цел на неговата мини-турнеја е да ги помести политичките блокади од мртва точка. Шолц, освен разговорите со официјалните претставници на Косово ќе ги посети германските војници на КФОР, по што заминува за Белград.
Шолц-Северна Македонија направи храбри чекори за отпочнување преговори, не треба да ги обесхрабриме
Германскиот канцелар утре во Скопје ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, а планирани се и пленарни разговори на двете делегации. Предвидено е по средбата Ковачевски и Шолц да одржат заедничка прес-конференција. Се очекува теми на средбите во Скопје и во Софија да бидат бугарската блокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина. Од Скопје германскиот канцелар заминува за Софија на средби со бугарскиот државен врв. Во Берлин е најавено дека Шолц ќе учествува и на конференцијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Солун.