Во Солун самит во рамките на Процесот за соработка во ЈИ Европа

Солун

Лидерите на државите и владите на земјите членки во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, меѓу кои и премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска ќе учествуваат на самитот во Солун што го организира Грција со што завршува грчкото претседателство со ПСЈИЕ. На самитот ќе претседава грчкиот премиер Кирјкос Мицотакис, а поканети се и германскиот кацелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, кои ќе присуствуваат во улога на набљудувачи. Шефовите на држави и влади во Солун ќе разговараат за иднината на регионот во критичен момент што повеќе од кога било ја нагласува важноста на зајакнувањето на добрососедските односи, но и подготовката на земјите од нашиот регион за нивна интеграција во евроатлантските институции.

Земјите на НАТО од ЈИЕ координирано со последиците од војната во Украина

На самитот, освен Грција, ќе учествуваат Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Хрватска, Црна Гора, Молдавија, Романија, Србија, Словенија и Турција. Во Солун, освен Самитот на високо ниво, ќе се одржи и состанок на шефовите на дипломатиите од земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, а за таа цел, министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во изминатиот период ги посети земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија.