Сепаратистичкиот регион Донбас осуди на смрт заробени британски и марокански борци

Британецот Ејден Аслин, Шон Пинер и Мароканецот Брахим Саудун во кафез во судница на локација наведена како Доњецк.

Двајца Британци и еден Мароканец, кои беа заробени од страна на руските сили во Украина, се осудени на смрт, јавува руската новинска агенција РИА Новости, пренесува Би-Би-Си.

28-годишниот Ајден Аслин од Нотингемшир, 48-годишниот Шон Пинер од Бедфордшир и мароканскиот државјанин Саудун Брахим, се појавија пред судот во Народна Република Доњецк, кој го држат проруските бунтовници. Судот не е меѓународно признат.

Агенцијата РИА Новости на Телеграм објави: „Врховниот суд на ДНР им ја изрече првата казна на платениците - на смрт се осудени Британци Ејден Аслин и Шон Пинер и Мароканецот Саадун Брахим“, јави дописникот на РИА Новости од судницата Тие, наводно, се обвинети дека се платеници.

Судот ги прогласи тројцата виновни за „платенички активности и дејствија со цел преземање на власта и уривање на уставниот поредок на ДНР“, ги пренесува агенцијата Интерфакс зборовите на еден судски службеник.

Сепак, семејствата на британските мажи велат дека биле во украинската армија.

Тројцата мажи беа заробени додека се бореа на страната на Украина против Русија и силите поддржани од Русија кои влегоа во земјата на 24 февруари.

Британските државјани Аслин и Пинера во април беа заробени од силите поддржани од Русија во Мариупол, за време на тешките борби за контрола на градот.

Мароканецот Садун се предаде во март додека се бореше во мало гратче меѓу Мариупол и главниот град на регионот Доњецк.

Британското Министерство за надворешни работи во средата ја осуди, како што рече, експлоатацијата на воените заробеници за политички цели и рече дека тие „имаат право на имунитет на борците“.

Тројцата мажи рекоа дека ќе се жалат на одлуката, пренесе руската агенција Тасс, пренесува Ројтерс.