Нови 55 заразени со корона, нема починати

илустрација

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи со КОВИД-19 и 61 оздравен пациент. Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се осум реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 55 случаи од Скопје се 39, Битола 4, Гостивар 3, Куманово и Штип по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1 случај.

Досега во земјата се направени вкупно 2.063.935 тестирања наковид 19. Вкупниот број ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 312.473, бројот на оздравени пациенти е 302.729, на починати е 9.313, а на активни случаи изнесува 431.