Новата словенечка Влада планира да ги отстрани противмигрантските физички препреки од границата со Хрватска до крајот на годината. Наскоро ќе се направи и оперативен план, а информацијата е потврдена за агенцијата СТА.
Станува збор за еден од приоритетите на Владата, а оперативните детали ќе бидат прецизирани до крајот на месецот.
Како што покажуваат податоците на словенечкото Министерство за внатрешни работи, Словенија кон Хрватска има 135.372 метри панелни дрвени огради и 60.595 метри жилет жица, за чие поставување, досега, потрошени се 23,25 милиони евра. За одржување пак, дополнителни 3,6 милиони.
- Словенија ќе ја прошири оградата за заштита од мигранти кон Хрватска
- Австрија, Чешка и Словачка немаат место за бегалци од Авганистан
Поставувањето започна во екот на мигрантската криза од 2015 година. Одвреме навреме се надополнуваше, а жицата е заменета со панелна ограда. Како што беше потребно јавна набавка за поставување на оградата, така ќе биде потребна и за нејзиното отстранување.
Министерката за внатрешни работи во новата Влада на Роберт Голоб, Татјана Бобнар, неодамна изјави дека физичките препреки на границата со Хрватска ќе бидат заменети со камери и дронови, за да се спречат мигранти илегално да влезат во земјата.