Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска денеска најави дека ќе поднесе оставка, поради тоа што дознала дека премиерот Кирил Петков водел разговори со европски дипломати за тргање на ветото за Северна Македонија.
Генчовска за БТВ изјави дека во текот на денот ќе ја депонира нејзината оставка до Собранието, поради што не знае дали таа ќе присустува на престојната средба со германскиот премиерт Олаф Шолц, кој в сабота доаѓа во посета на Скопје и Софија.
Генчовска додаде дека постојат записи за средби на премиерот Кирил Петков со европски дипломати на темата Северна Македонија. Таа нагласи дека од секоја средба има стенограми, со различен степен на доверливост и додае дека таа лично не присустувала на сите средби кои Петков ги имал со европски дипломати.
„Не сум присустувала на сите разговори на Петков со дипломати, но во нашите разговори со претставници на ЕУ институциите не информираа дека има други сигнали“, рече Генчовска одговарајќи на прашањето дали таа ги видела записите од тие средби во кои Петков бара заобиолување на ветото.
Нагласи дека тие записи се од неодамна и се со назнака доверливо, а на прашањето дали се чувствува притисок врз Софија да го крене ветото, таа одговори дека притисокот бил поголем во јануари и февруари, но оти тие од првиот ден ја кажале нивната позиција и сега, како што рече, нивните европски партнери имале разбирање за нив.
- Трифонов ја напушти владина коалиција во Бугарија, Петков подготвен да води малцинска влада
- Петков нема да дозволи Бугарија да влезе во изборна спирала
Бугарското собрание има 240 пратеници, од кои 67 се од партијата на Петков „Продолжуваме со промената“ и 16 од Демократска Бугарија. Овие две партии се дел од владината коалиција, кои имаат помек став во однос на деблокадата на македонските евроинтеграции.
БСП и Има таков народ, од каде доаѓа Генчовска, се другите две партии во влидината коалиција, кои имаат став како тој на бугарскиот претседател Румен Радев, дека не смее да се тргне ветото додека Северна Македонија не ги исполни условите. БСП има 26 пратеници, а Има таков народ 25 пратеници.