Почнува серијата сослушувања за немирите во Конгресот во јануари лани

илјадници поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп го преплавија американскиот Капитол, Вашингтон, 06.01.2021.

Избраната комисија на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес што ги истражува нередите во Капитол на 6 јануари ќе одржи најмалку осум јавни расправи почнувајќи од денеска и ќе испрати барања за сведочење до неколку пратеници од републиканците, вклучително и тројца членови на Претставничкиот дом кои претходно одбија да соработуваат. Комитетот, исто така, планира да испрати нови барања за интервју до неколку други републиканци, вклучително и најмалку еден сенатор, изјави за новинарите претседателот на Комисијата Бени Томпсон. Тој, исто така, рече дека јавните расправи ќе „ја раскажат приказната за тоа што се случило“ за време на немирите на 6 јануари 2021 година. Томпсон смета дека сослушувањата, исто така, ќе ги истакнат наодите на панелот по интервјуто на стотици сведоци и прегледувањето на илјадници докази.

Бајден на годишнината од упадот во Капитол- Трамп создаде мрежа од лаги

Бунтот започна кога илјадници поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп го преплавија американскиот Капитол за време на заедничката седница на двата дома на Конгресот, која требаше да ја потврди победата на Изборниот колеџ на претседателот Џо Бајден. Непосредно пред толпата да влезе во Капитол, Трамп ги повикаа присутните што се собраа пред Белата куќа да се борат против сертификацијата на неговиот демократски противник. Со недели претходно, Трамп лажно тврдеше дека имало широко распространета измама со гласачките ливчиња во народното претседателско гласање во променливите држави што му дадоа на Бајден неговата маргина за победа во Изборниот колеџ. Пет лица, меѓу кои и полицаец од Капитол, загинаа во немирите, а стотици членови на толпата се уапсени.