Премиерот на Бугарија Кирил Петков по средбата на лидерите на владејачката коалиција во Бугарија изјави дека нема да дозволи Бугарија да влезе во изборна спирала поради нечије его, задкулисни игри или нешто друго. „Во време на војна, кога има енергетска криза, гасна криза, кога Планот за обнова и развој смета на донесување 22 закони до крајот на годината за да се добијат пари од Брисел, сите мора да бидат обединети, ќе порачаат не на хаосот, ниту на поединечни одлуки кои можат да ја доведат целата наша земја во криза. Коалицијата е заедно, против корупцијата. Бугарските граѓани треба да знаат“, рече премиерот Петков, додавајќи дека оваа коалиција во овој состав стои зад нив и приоритет број еден ќе биде донесувањето на буџетот.
Трифонов ја напушти владина коалиција во Бугарија, Петков подготвен да води малцинска влада
Претходно, лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов изјави дека партијата ја напушта владејачката коалиција, поради несогласувања околу буџетот и С. Македонија. „Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата. Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме со промената“ не водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи и Советот за национална безбедност, додаде тој.