Студентското собрание на УКИМ бара седиштето на ВМРО-ДПМНЕ да стане студентски дом

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ ќе бара конфискуваниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ да биде пренаменет во студентски дом.


„На студентите им припаѓа луксузот во кој политичарите до сега незаслужено уживаа. Ова е шансата сите заложби дека на младите е иднината и дека државата се грижи за нас да се докажат како реалност! Ова е шанса да се исправи погрешното трошење на парите. Не ни требаат вашите кристални лустери и позлатени слики, ни требаат тоалети со врата која се затвора, тавани без мувла и ѕидови со изолација“, стои во соопштението на УСС.

Судот денеска пресуди да се конфискува седиштето на ВМРО-ДПМНЕ поради незаконска изградба во случајот Талир 2. Поранешниот партиски лидер Никола Груевски доби шест години затвор, а поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски доби две години условно.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оцени дека пресудата е политичка.