Мицкоски - Судската одлука е политичка, имотот не е ВМРО, туку народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Имотот не е ВМРО-ДПМНЕ, туку народот, а ваквата политичка одлука на судството на СДСМ и ДУИ нема да не поколеба во нашата борба, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со судската одлука за „Талир 2“.

Судот денеска пресуди да ѝ ја конфискува белата палата на ВМРО-ДПМНЕ поради незаконска изградба.

По средбата со комесарот за проширување на Европската унија, Оливер Вархеј во Охрид, Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека ова „партизирано и октроирано судство и обвинителство на СДСМ и ДУИ не го суди ВМРО-ДПМНЕ, туку Македонија и македонскиот народ“.

Според него, „уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената пречка за разнебитување на македонскиот идентитет и македонската држава од овие октроирани партизирани судии и обвинители на СДСМ и ДУИ“.