Вархеји: Отворен Балкан е можност за забрзување на патот кон ЕУ

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји

„Отворен Балкан може да биде и можност за забрзување на патот кон ЕУ. Ако работата ја завршиме добро ќе се забрза европската интеграција на регионот,“ изјави денеска во Охрид еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во обраќањето на Самитот „Отворен Балкан“.

Вархеји нагласи дека идејата за Отворен Балкан е осмислена од регионот и таа идеја е поддржана од Европската Унија. Еврокомесарот оцени дека без регионална соработка, економскиот инвестициски план на ЕУ нема да постигне многу затоа што нема поента да се поврзува капиталот на Западен Балкан со патишта и со железници ако камионите треба да сопираат на секоја граница и речиси секој доаѓа на половина час.

„Нема поента да зборуваме за пристапување кон ЕУ и за евроинтеграција на регионот доколку во самиот регион се уште треба да ви ја нострифицираат дипломата доколку сакате да работите во друга држава, а тоа би значело дека би требало да работите на еден час од местото на живеење. Не вреди ништо ако вашиот бизнис не може да тргува соодветно или ако не може да ги продава своите услуги во регионот затоа што според нашите проценки регионот може да создава една третина од својот БДП само преку економска интеграција. Регионот го има овој потенцијал и само регионот може да си ја испорача. Отворен Балкан треба да продолжи понатаму со потпишување договори што ги олеснуваат животите на луѓето,“ истакна Вархеји.

Тој посочи дека се додека се спроведуваат основните столбови и стратегии од агендата на ЕУ, Иницијативата може да продолжи да ги жнее економските и прогресивните резултати од нивната соработка. Во рамки на Самитот, што се одржува во Охрид, ќе бидат реализирани повеќе договорени соработки, со потпишување на конкретни меморандуми и договори за соработка.