Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од вчера престојува во посета на Турција и веќе имаше средба со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Тој повтори дека Турција нема намера да се приклучи на антируските санкции наметнати од Западот. „Нашиот став е јасен: не се приклучивме на санкциите и нема да дозволиме да бидеме искористени за оваа цел“, рече турскиот министер. Неговата изјава уследи по минатонеделниот телефонски разговор меѓу рускиот и турскиот лидер Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. Претходно, Анкара соопшти дека тесно се координира со Русија и Украина за да се договори план со кој повторно ќе започне извозот на жито од украинските пристаништа.
Русија, Турција, Украина и ОН со план за извоз на храна од украинските пристаништа
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар дека планот предводен од Обединетите нации ќе отвори безбеден коридор за транспорт за да се реши глобалната криза со храна, предизвикана од руската инвазија во февруари, која го запре извозот на жито од Црното Море во Украина. Акар рече дека четирите страни работат на тоа како ќе бидат исчистени мините што пловат во близина на пристаништето Одеса и на други места долж украинскиот брег и кој ќе го направи тоа и кој ќе го чува коридорот. „Постигнат е голем напредок по ова прашање“, а техничкото планирање продолжува, рече тој. Турција е соседна Украина и Русија на море и најави дека е подготвена да преземе улога во рамките на „механизмот за набљудување“ доколку се постигне договор.