Узбекистански градоначалник притворен за кражба на 4 милиони долари

Градоначалникот на источниот град Андијон во Узбекистан,Бахромјон Хајдаров е уапсен под обвинение за проневера на 4,34 милиони долари соопштија од узбекистанското обвинителство. Според обвинението Хајдаров е осомничен за кражба на 48 милијарди соми (4,34 милиони долари) додека ја извршувал функцијата шеф на финансискиот директорат на регионот пред да биде назначен на градоначалничката функција во октомври 2019 година.

Обвинителите велат дека 32 од 37 лица кои се идентификувани како осомничени во случајот се приведени. Случајот го истражува дирекцијата во рамките на Генералното обвинителство задолжена за борба против организираниот криминал.

На 28 мај на Хаидаров му беше одземен имунитетот како член на градскиот совет. Во февруари, Хаидаров беше во центарот на скандал, кога се соочи со обвиненија за наводна злоупотреба на власта при доделување земјишта за локални потреби, наводно предизвикувајќи штета проценета од страна на владата за 153.000 американски долари.