Јеховини сведоци осудени на затворска казна во Русија

Јеховини сведоци добија затворски казни под обвинение за екстремизам во Сибир во услови на тековно задушување на движењето на религиозната група која е забранета во Русија од 2017 година. Судот во сибирски град ги осуди Владимир Јермолаев, Александар Путинцев и Игор Мамалимов на по 6 и пол години затвор, откако сите тројца ги прогласи за виновни за организирање и учество во активности на „екстремистичка организација“.

Јеховин сведок доби затворска казна во Русија

Во одделни случаи, Централниот окружен суд во Сибир му изрече условна затворска казна од шест години на друг Јеховин сведок, Сергеј Кириљук, додека на Јегор Баранов му беше изречена условна затворска казна од пет години под обвинение дека бил член и регрутирал нови членови во „екстремистичка група“ во далечниот источен регион Хабаровски крај.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Јеховините сведоци забранети во Русија

Откако религиската заедница Јеховини сведоци беше забранета, десетици нејзини припадници беа мета на судски случаи, а многумина беа осудени на затворски казни во Русија.

Соединетите Американски Држави ги осудија тековните репресии на Русија врз Јеховините сведоци и другите мирољубиви верски малцинства.
Со децении, на Јеховините сведоци се гледа со сомнеж во Русија, каде што доминантната православна црква е поддржана од претседателот Владимир Путин.

Христијанската група е позната по проповедањето од врата до врата, блиското проучување на Библијата, отфрлањето на воената служба и одбивањето да се одбележуваат национални и верски празници или родендени.