Нови 30 дена притвор за Зекири

Поранешниот генерален секретар во владата Мухамед Зекири во судот во Скопје

Продолжен е притворот за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири за нови 30 дена, соопшти Кривичниот суд. Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зекири, кого Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и коруцпија го осомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април, а првото продолжување на 5 мај.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

Јавното обвинителство претходно соопшти дека е отворена истрага против двајца хрватски државјани и еден македонски висок функционер во Владата кој е првоосомничен и дека за нив од Судот побарале да им изрече мерка притвор. Владиниот функционер, со помош на хрватските државјани, според соопштението на Обвинителството, склучиле договор за консултантски услуги без соодветна постапка за јавна набавка.