Москва нема да може да ги задржи своите воени капацитети поради строгите западни санкции воведени поради руската инвазија на Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц за време на неговата посета на Вилнус.
„Сега имаме далекусежни санкции кои ќе ја вратат руската економија неколку децении назад, што значи дека нема да може да учествува во глобалниот економски и технолошки напредок“, изјави Шолц.
Тој од Вилнус порача дека Германија е подготвена да ја засили својата воена мисија во Литванија како одговор на руската инвазија на Украина.
„Подготвени сме да го зајакнеме нашиот ангажман и да го развиеме кон голема борбена бригада“, изјави германската канцеларка за новинарите.
- Германија ѝ вети противвоздушни системи на Украина
- Путин – Русија ќе напаѓа нови мети ако на Украина и се испорачаат ракети со долг дострел
Берлин испрати стотици дополнителни војници во Литванија веднаш по руската инвазија и распореди околу 1.000 војници таму како дел од борбената единица на НАТО предводена од Германија.
Запрашан за извештаите дека Шпанија планира да испрати главни борбени тенкови Леопард од германско производство во Украина, Шолц рече дека Берлин сè уште не добил барање за извоз од владата во Мадрид. Досега Германија одбиваше да испорача западни тенкови на Украина.