Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сака повторно да ги намали каматните стапки, бидејќи инфлацијата во Турција во мај достигна 73,5 насто на годишно ниво. „Никој да не го очекува тоа од нас. Оваа влада нема да ги зголеми каматните стапки. Напротив, ќе продолжиме да ги намалуваме“, рече Ердоган на прес-конференција по владиниот состанок. Спротивно на традиционалните економски теории, турскиот претседател смета дека високите каматни стапки ја стимулираат инфлацијата.
Турската централна банка не ги зголемува каматите и покрај огромната инфлација
На крајот на 2021 година, Ердоган ја принуди централната банка да ја намали каматната стапка од 19% на 14%, од септември и декември истата година, што предизвика колапс на националната валута. Инфлацијата во Турција во мај достигна 73,5 насто, што е најмногу од декември 1998 година, поттикната од растот на цените на енергијата и храната, покажуваат неодамнешните официјални бројки.
Турската полиција уапси десетици лица на протестите поради големата инфлација
Инфлацијата е во центарот на дебатата во Турција, една година пред претседателските избори, закажани за јуни 2023 година. Опозицијата и многу економисти го обвинуваат Националното биро за статистика дека свесно и многу го потценува размерот на инфлацијата. „Немаме проблем со инфлацијата, туку проблем со трошоците за живот“, рече Едоган.