Започнува дводневниот самит на иницијативата Отворен Балкан на кој ќе учествуваат премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Дмитар Ковачевски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Учество на самитот најавија и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
На самитот на пленарни седници ќе се разговара за натамошната соработка, а ќе бидат потпишани: договор за соработка во областа на образованието, меморандум за разбирање и соработка меѓу даночните управи и меморандум за разбирање во областа на туризмот и културата.