Османи смета дека посетата на Лавров во Белград ќе беше закана за одржување на Отворен Балкан во Охрид

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека ако се случеше посетата на рускиот министер за надворешни работи на Сергеј Лавров на Србија, под прашање било ставено дури и одржувањето на состанокот на Отворен Балкан неделава во Охрид.

Во гостувањето на телевизијата Сител, тој информираше дека засега состанокот во Охрид се одвива согласно сите планови. Нагласи дека имаме добри билатерални односи со Србија, а во рамки на регионалните иницијативи, рече дека било важно одлуката на Србија да гласа во ООН за резолуција што ја осудува руската агресија во Украина. Тоа, додава, беше важен момент за да ја поттикне понатамошмната соработка во рамки на Западниот Балкан.

Во однос на одлуката со која нашата земја, како една од трите земји, заедно со Бигарија и Црна Гора не дозволи прелет на авионот на Лавров, Османи потенцира дека тоа не е однос кон Руската Федерација, туку однос кон агресијата на Руската федерација во Украина односно политиките на Руската Федерација со војната во Украина.


Запрашан дали по реакцијата од Москва и повиците за повлекување на сите амбасадори на Руската Федерација од овие три земји кои забранија прелет има најава за повлекување на рускиот амбасадор, министерот Османи одговори дека немаат таква најава.