Од Ковачевски до Абрамович
РУСИЈА - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ситуацијата околу неговата денешна посета на Србија ја оцени како незамислива, додавајќи дека со одбивањето на неговиот лет, земјите од ЕУ и НАТО го лишиле Белград од правото да води суверена политика. Фотографијата за ислустрација на оваа вест е дигитален колаж на Иван Червенков на кој е прикажан Лавров.
САД - Американските власти го обвинија рускиот бизнисмен Роман Абрамович за извоз на два авиони без лиценца која се бара со американските санкции наметнати на Москва како одговор на нејзината инвазија на Украина.
ЛАТВИЈА - Популарната руска телевизија Дожд, која беше принудена да ја прекине работата во март поради притисокот поврзан со нејзиното известување за руската инвазија на Украина, најави дека ќе продолжи да работи од Латвија.
УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна рече дека руските трупи имаат намера да го заземат Запорожје, голем град на југоистокот на земјата, што ќе и овозможи на руската војска да напредува поблиску до центарот на земјата.
РУСИЈА - Рускиот истражувачки новинар Андреј Солдатов, главен уредник на веб-страницата Agentura.ru, која се фокусира на активностите на руските тајни служби, наведе дека е додаден на листата на барани лица во земјата.
МАКЕДОНИЈА - Нема потреба од активирање на стоковите резерви бидејќи нема недостаток на храна и енергенси, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
КОСОВО - Стотици воени ветерани се судрија со полицијата во Приштина откако се обидоа да ги пробијат бариерите за да влезат во Националното собрание на Косово, притоа барајќи зголемување на пензиите.
МАКЕДОНИЈА - Владата ќе ги објави сите компании кои направиле вештачки скок на цените, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој посочи дека останува на ставот оти имало вештачко зголемување кај дел од производите.
СЛОВЕНИЈА - Во Словенија досега се потврдени шест случаи на зараза со мајмунски сипаници и сите пациенти имаат благи симптоми. Националниот институт за јавно здравје издаде упатства за однесување и третман на пациентите кои се на домашна нега.
СРБИЈА - Српскиот претседател Александар Вучиќ на средба со амбасадорот на Руската Федерација Александар Боцан-Харченко изрази незадоволство од околностите што го спречија доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.