Предлог-амандман за измени и дополнувања на Буџетот за 2022 година денека поднесе Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) со кој бара да се обезбедат финансии за платите повисоки за 2.806 денари во јавниот сектор.
Оттаму очекуваат тој да биде поддржан од сите пратеници, со што ќе се овозможи линеарно зголемување на платите за сите вработени во органите на државната и локалната власт, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата , но и агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија.
Ваквиот чекор уследи откако по презентацијата на ребалансот на Буџетот од ССМ видоа дека нема планирано средства за линеарно зголемување плати во јавниот сектор, како што им било ветено за време на преговорите. По ова, ССМ имаше една средба во Владата, но таа заврши без договор.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи пак денеска најави нова средба во текот на оваа недела.