На денешната седница Владата донесе измени и дополнувања на заклучокот од претходната седница во врска со Договорот за соработка за земјите од Западен Балкан во областа на заемно признавање дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции.
„Согласно измените на заклучоците, потписник на овој договор, кој ќе биде потпишан на Самитот на Отворен Балкан на 8 јуни во Охрид, ќе биде претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, додека од страна на Република Србија договорот ќе го потпише претседателот Александар Вучиќ, а во име на Република Албанија, премиерот Еди Рама“, соопшти владината прес-служба.
- На „Отворен Балкан“ му недостасува ист профил работна сила
- „Отворен Балкан“ против даночно затајување и со меѓусебно признавање на дипломите
На денешната 50-та седница на Владата, која се одржа преку видеоконференциска врска, беше прифатен предлогот до 31 декември 2022 година да се продолжи рокот на Одлуката за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија.