Конзервативните пратеници во Велика Британија од 19 до 21 часот ќе гласаат за доверба на премиерот Борис Џонсон.
Доколку Џонсон ја загуби довербата, ќе биде сменет од премиерската функција, а потоа ќе се донесе одлука за негова замена. Ако пак победи, тогаш, според сегашните партиски правила, за време од една година не може да се соочи со ист ваков предизвик.
Изгласување доверба побараа најмалку 54 конзервативни пратеници. Сепак, за гласање недоверба потребно е мнозинство или најмалку 180 конзервативни пратеници.
Десетици конзервативни пратеници изразија загриженост за тоа дали Џонсон (57) може да продолжи да раководи со Велика Британија, која се соочува со ризик од рецесија, зголемување на цените на горивата и храната, а во моментов и сообраќаен хаос во Лондон поради штрајкот.
- Британскиот премиер Џонсон прифаќа одговорност за „карантинските забави“
- Британските пратеници наредија парламентарна истрага против Џонсон за наводно лажење
„Премиерот ја поздравува можноста да го претстави својот случај пред пратениците кога ќе ги потсети дека кога се обединети и фокусирани на прашања важни за гласачите, тогаш нема поголема политичка сила“, додаде портпаролот.
Џонсон неодамна беше на удар на критики за кршење на мерките за време на пандемијата со ковид 19. Најмалку 54 конзервативни пратеници во парламентот мора формално да поднесат барање до претседателот на партиската комисија за да се започне процедурата за гласање.