Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски соопшти дека се прават пресметките за цената на електричната енергија што компанијата ќе ја продава на ЕВН Хоум од 1 јули до 31 декември годинава. Се анализираат и можностите за намалување на трошоците на компанијата за дополнителни 15 проценти и за зголемување на производството за дополнителни 20 проценти.
„Ние ќе успееме да постигнеме значително пониски цени за да можеме на крајот да овозможиме ЕВН Хоум кај регулаторот да побара, односно да добие цена која ќе значи благо покачување на цената за граѓаните“, рече генералниот директор на АД ЕСМ, одговарајќи на новинарско прашање по еко акција во АД ЕСМ.
Струјата за граѓаните од 1 јануари поскапе за 10 отсто. Државното производство на струја се намалува цела деценија, па Македонија го зголемува увозот. Струјата на европските берзи е драстично поскапена.