Српскиот Патријарх Порфириј му го врачи томосот за автокефалност на МПЦ на архиепископот Стефан

Архиепископот на МПЦ-ОА Стефан и српскиот патријарх Порфириј во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје на 24 мај 2022

Патријархот на СПЦ Порфириј денеска му го врачи томосот за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА на архиепископот Стефан по заедничката архиерејска литургија која ја служеа во Соборната црква во Белград со владици од двете цркви.

На заседанието на Светиот архиерејски собор во мај оваа година, СПЦ едногласно донесе одлука да се признае автокефалноста на МПЦ. За одлуката гласаа сите 42 епископи на СПЦ.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Биење на камбаните и аплаузи за признавањето на автокефалноста на МПЦ од СПЦ

После првата заедничка литургија во Скопје, патријархот Порфириј ја соопшти одлуката на Саборот да се прифати автокефалност на МПЦ-ОА.

Патријархот тогаш рече дека по заедничкото спроведување на техничко-организациските детали ќе бидат известени останатите православни цркви кои ќе бидат повикани „по својот канонски ред и поредок“ да го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА.