Министерството за надворешни работи најостро го осуди намерното палење на влезот на здружението Ванчо Михајлов во Битола.
„Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина“, велат од МНР.
Според нив, ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Македонија.
Денеска во посета на земјата доаѓа бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.
Непознати сторители ноќеска го запалиле влезот на Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола. Полицијата трага по сторителите.