ЕУ ги стави на црната листа „касапите“ од Буча и Мариупол

Ира Гаврилук ја држи својата мачка додека оди покрај телата на нејзиниот сопруг, брат и друг маж убиени пред нејзиниот дом во Буча, на периферијата на Киев, Украина, 4 април 2022 година

Европската унија ги стави на црната листа руските воени команданти, за кои рекоа дека ги воделе војниците вклучени во злосторствата во Украина, опишувајќи ги како „касапите“ во Буча и Мариупол.

Нејзината најнова листа на санкции ја вклучува и Алина Кабаева, за која се вели дека е „тесно поврзана“ со рускиот претседател Владимир Путин, иако тој негираше дека се во емотивна врска.

ЕУ ги објави имињата на уште 65 лица опфатени со последниот пакет санкции поради руската инвазија на Украина. Овој пакет санкции вклучува забрана за увоз на нафта по морски пат и отстранување на најголемата руска Сбербанк од меѓународниот платен систем SWIFT.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не одговори на барањето за коментар за црната листа на ЕУ, а немаше јавен коментар и од оние кои се цел на санкциите.


Азатбек Омурбеков беше меѓу 65-те именувани, кога ЕУ изјави дека тој ги водел руските трупи додека „убивал, силувал и мачел цивили во Буча“.

Списокот го вклучува и Михаил Мизинцев, генерал за кој ЕУ вели дека ја надгледувал опсадата и бомбардирањето на Мариупол, при што загинаа илјадници лица. Руските напади врз пристанишниот град Азовско Море ги погодија породилиштето и театарот, при што загинаа стотици деца, соопшти ЕУ, нарекувајќи го „мариуполскиот месар“.


Најновите санкции го погодија и Аркадиј Волож, кој веднаш ја напушти функцијата извршен директор на „Јандекс“, руски интернет гигант во кој удел имаат државните банки, вклучително и Сбербанк, соопшти ЕУ.