Австрија до земјите членки на Европската Унија проследила таканаречен „нон пејпер“ во кој се залага за нов пристап спрема земјите од Западен Балкан, со што би се овозможила „постепена интеграција во ЕУ“. Радио Слободна Европа има увид во овој документ, кој земјите членки го добиле при крајот на мај.
Како што е наведено во документот, Австрија смета дека кризата која настана поради руската инвазија врз Украина може да предизвика колатерална штета врз стабилноста на Западниот Балкан. Како последица на тоа, Австрија смета дека со тоа конфликтот би можел да се пресели на границите на ЕУ па и во неа.
„Мораме да размислуваме преку веќе постојните инстрименти за проширување и соседство да го искористиме неискористениот потенција. На патот кон полноправно членство, треба да создадеме можност овие земји постепено да се интегрираат“ се вели во документот.
Заедничка изјава од стратешкиот дијалог САД - Северна Македонија
Во него се наведува дека полната примена на методологијата преставува еден аспекат, но, овој не иструмент не дава задоволувачки и неопходни одговори на сегашната ситуација.
“Сегашните процедури за проширување во последниве години не дадоа значајни резултати. Тие пред се доведоа до фрустрација и меѓусебно отуѓување во регионот и ЕУ. Мораме да премости сегашниот ќорсокак гледајќи на сите опции со отворен ум“ се подвлекува во австрискиот документ.
Во него се додава дека Австрија предлага првиот чекор да биде партнерите од Западен Балкан да бидат повикувани редовно на неформалните состаноци на Советот на ЕУ на кои се расправа за заедничките интереси. Во продожение е наведено дека Самит на ЕУ за Западен Балкан треба да се одржува секоја година, и што е можно побрзо да им се одобри статус на набљудувач за земјите од регионот и другите институции на ЕУ.
Вучиќ и Лајчак за исполнување на обврските од Бриселскиот договор
Измеѓу другото Австрија предлага и на земјите од Западен Балкан да им се понуди прогресивна интеграција на заедничкиот пазар, инклузија во трговските и даночните политики како и учество во агенциите на ЕУ и заедничката климатска и енергетска политика.