Руската војна во Украина мора да заврши веднаш, порача денеска помошникот генерален секретар на ОН Амин Авад. Според него руската неиспровоцирана инвазија врз Украина е кршење на Повелбата на ОН и конфликтот, кој сега е во својот 100-ти ден, „нанесе неприфатлив данок“ на луѓето.
„Оваа војна нема и нема да има победник. Наместо тоа, 100 дена бевме сведоци на она што е изгубено: животи, домови, работни места и перспективи“, изјави Авад.
„Оваа војна нанесе неприфатлив данок врз луѓето и ги зафати практично сите аспекти на цивилниот живот“, додаде Авад.
Сто дена од руската инвазија на Украина, Зеленски вели дека ситуацијата во Донбас е тешка
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Москва сега има контрола над 20 отсто од украинската територија, вклучувајќи го и Крим, незаконски анектиран од Русија во 2014 година, и деловите од истокот што беа заземени од сепаратистите поддржани од Русија истата година.
„За нешто повеќе од три месеци, речиси 14 милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови, повеќето жени и деца“, се вели во соопштението.
ОН соопштија дека групата работи на ограничување на „погубното влијание на војната врз безбедноста на храната со тоа што се обидува да ја деблокира критичната трговија со жито и стоки“.
Цените на храната се зголемија поради падот на извозот на жито од Украина -- еден од најголемите светски производители.
„Нашите неуморни напори да одговориме на разорното влијание на војната ќе продолжат, силно и стабилно.Но, пред се ни треба мир. Војната мора да заврши сега,“ се вели во соопштението.