Украинското обвинителство споведува истрага за насилна депортација на деца од Украина во Русија. Укрианската обвинителка Ирина Венедиктова која ги надгледува истрагите за повеќе воени злосторства во Украина, во интервју за новинската агенција Ројтест изјави дека истрагата е во тек за насилната депортација на деца во Русија. Таа изјави дека сега се обидува да изгради обвинение за геноцид против Москва.
Венедиктова изјави дека од Украина веќе има „повеќе од 20 случаи за присилно префрлање луѓе“ во Русија од почетокот на инвазијата на 24 февруари.
Таа додаде дека фокусирањето на отстранувањето на децата го нуди најдобриот начин за обезбедување докази потребни за исполнување на ригорозната законска дефиниција за геноцид.
„Од првите денови на војната го започнавме овој случај за геноцид. Затоа ова насилно префрлање на деца е многу важно за нас“, додаде таа.
Според Конвенцијата за геноцид од 1948 година, присилната масовна депортација на луѓе а особено присилното пренесување на деца за време на конфликт е означено како воено злосторство.
Венедиктова соопшти повеќе детали околу тоа колку деца се сомнева дека биле насилно префрлени од Украина во Русија. Но украинската омбудсманка, Људмила Денисова, во мај изјави дека Русија преселила повеќе од 210.000 деца за време на конфликтот.
Новинската агенција Ројтерс објави дека Кремљ не одговорил на барањето за коментар за забелешките на Венедиктова. Венедиктова рече дека истрагите за изградба на случај за геноцид кој опфаќа присилна депортација на деца и други дела биле насочени кон области од северна Украина до јужниот брег, иако пристапот останува проблем.
„До денес немаме пристап до територија. Немаме пристап до луѓе кои можеме да ги прашаме, кои можеме да ги интервјуираме“, рече таа.