Денеска е 100-тиот ден од руската инвазија на Украина, во која Москва окупира 20 насто од територијата на Украина и се фокусира врз источниот регион Донбас и неговиот стратешки град Северодоњецк. „Имавме извесен успех во битката за Северодоњецк. Но, сè уште е рано. Ова е најтешката зона во моментов“, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека ситуацијата „не е значително променета во текот на денот“. Претходно Зеленски оцени дека ситуацијата на истокот е „навистина тешка“ и дека Украина губи „од 60 до 100 војници дневно и околу 500 ранети“.
Жестоки борби во Севернодоњецк
„Денес се бориме и го држиме секој метар од регионот на Луганск“, изјави денеска гувернерот на Луганск, Сергиус Гајдаи. „Уништени се повеќе од 400 километри „патишта со европски стандард“, 33 болници, 237 рурални клиники, речиси 70 училишта и 50 градинки“, рече Гајдај, додавајќи дека „80 насто“ од Северодоњецк, административната престолнина на Донбас е „окупирана“, и дека борби се водат на улиците.