Русија, Турција, Украина и ОН подготвиле што ќе обезбеди функционирање на безбеден коридор за извоз на земјоделски производи од украинските пристаништа, јави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на дипломатски извори. Турција веќе извесен период спроведува дипломатски контакти со цел да се формира механизам за безбедна испорака на жито од Украина на светските пазари. Како резултат на преговорите меѓу турската страна и претставниците на Русија, Украина и ОН беше подготвен патоказ за обезбедување на „коридор за жито“ под покровителство на светската организација.
Папата Франциск- Во војна не се користи житото и храната како оружје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски ја започна иницијативата „коридор за жито“ со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и со украинскиот претседател Владимир Зеленски. Во блиска иднина во Истанбул ќе се одржи состанок меѓу Русија, Турција, Украина и ОН на кој ќе се разговара за извозот на жита од украинските пристаништа. Во четирипартитниот формат се планира да се разгледаат прашањата за рути, осигурување, обезбедување на бродови, пристаништа за деминирање, како и состав на координативниот центар.
Кулеба ја предупреди Русија за опасностите од блокирање на извозот на храна
Центарот за извоз на жито што се создава во Истанбул ќе ја регулира интеракцијата меѓу Русија и Украина со посредство на Турција во координација со ОН, јавува Анадолија. Стартувањето на координативниот центар во Истанбул ќе овозможи извоз на 20 милиони тони жито од украинските пристаништа на светските пазари. Состојбата во Украина и големите санкции наметнати на Русија од страна на САД и ЕУ доведоа до прекини во снабдувањето со жито, што го зголемува ризикот од криза со храна во неколку земји во светот. Од почетокот на годинава значително се зголемија цените на пченицата и пченката. Залихите на пченица, беше истакнато на седницата на Советот за безбедност на ОН на 21 мај, ќе траат десет недели во светот, а состојбата е полоша отколку во кризата од 2007-2008 година.