Столтенберг: Западот да се подготви за долга војна во Украина

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го пречека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Пентагон во Вашингтон

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по вчерашните разговори во Белата куќа со американскиот претседател Џо Бајден изјави дека западните земји треба да се подготват за долга „исцрпувачка војна“ во Украина. „Ние треба да бидеме подготвени за долги патеки“, рече Столтенберг, додавајќи дека е на Украина одлуката дали ќе се откаже од дел од територијата за крај на војната. Столтенберг исто така изјави дека Алијансата е во контакт со Турција за да се најде „обединет начин“ за да се одговори на загриженоста на Анкара во врска со обидот на Шведска и Финска да ѝ се приклучат на Алијансата.

Ердоган останува против влезот на Финска и Шведска во НАТО

Финска и Шведска деновиве најавија дека ќе го продолжат дијалогот со Турција во врска со нивните кандидатури за членство во НАТО, но не кажаа дали има напредок во надминувањето на приговорите на Анкара за нивното пристапување во воената алијанса. За обид за влез во НАТО е потребна едногласна поддршка од сегашните 30 земји-членки на алијансата.