Нови санкции на САД насочени против јахтите на Путин и владини функционери

илустрација

Соединетите Држави воведоа нови санкции насочени против јахтите поврзани со рускиот претседател Владимир Путин, птотив посредикот за јахтите и неколкумина владини функционери со цел да ја казни Русија за нејзината инвазија на Украина.

„Санкциите се преземаат за да ги деградираат клучните мрежи што ги користат руските елити, вклучително и претседателот Владимир Путин, за да се обидат да сокријат и преместуваат пари и анонимно да користат луксузни средства ширум светот“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.

Помеѓу лицата кои се таргетирани со овие санкции се Сергеј Ролдугин, виолончелист и диригент за кој се вели дека делува како „чувар на офшор богатството на Путин“ и сопругата на оперската пејачка на Ролдугин, Елена Миртова. Ролдугин веќе е под санкции наметнати од Европската унија, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд поради неговите врски со Путин.

Министерството за финансии соопшти дека наредбата за санкции е издадена заедно со санкциите објавени од Стејт департментот насочени кон пет олигарси и елити, меѓу кои и Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

Два од бродовите кои беа цел на Министерството за финансии се Graceful со руско знаме и Олимпија под знамето на Кајманските Острови. Министерството за финансии на САД ги идентификуваше како имот од кој Путин има интерес.

„Рускиот претседател имаше многубројни патувања на јахтите, вклучително и едно во Црното Море со белорускиот претседател Аљаксандр Лукашенка минатата година“, соопшти Стејт департментот.

Санкции се воведени и за воздухопловна компанија во Сан Марино за која Министерството за финансии рече дека е вклучена во шема за пренос на авиони на офшор компанија за да се избегнат санкции.

Со последната наредба за санкции се замрзнува секој американски имот што го поседуваат поединци и ентитети и им забранува на американските лица да се занимаваат со нив.