Нови 75 случаи на ковид-19

Во изминатото деноноќие се регистрирани 75 нови случаи на ковид-19 од направени 1.112 тестови од кои само во Скопје се евидентирани 52. Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 12 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (86г), починато во болнички услови на датум 31.05.2022 година.

Пациентите со постковид симптоми ги наполнија болниците

Досега во земјата се направени вкупно 2.057.173 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.097, бројот на оздравени пациенти е 302.290, на починати е 9.307, а бројот на активни случаи изнесува 500.