Најмалку четворица загинале при оружена престрелка во болницата во Тулса, Оклахома, соопшти полицијата. Оттаму потврдија дека во престрелката загинал и вооружениот напаѓач. При престрелката ранети се уште десетина други.
„ Засега има потврдени информации за четири загинати цивили, а воедно и напаѓачот е мртов“ изјави заменикот шеф на полицијата Ерик Далгиш.
Тој додаде дека напаѓачот кој се уште не е идентификуван, најверојатно самиот се самоубил. Напаѓачот при нападот користел пушка и пиштол.
Вооружен напаѓач уби 19 деца во училиште во Тексас, Бајден бара ограничувања за оружјето
Засега нема информации за можниот мотив за нападот.
Американскиот претседател Џо Бајден е известен за пукањето, соопшти Белата куќа, додавајќи дека внимателно ја следат ситуацијата и им ја понудила сета потребна помош на локалните власти.
Десетмина убиени во расно мотивирано пукање во градот Бафало во САД
Престрелката доаѓа нешто повеќе од една недела по масакрот во училиштето во Тексас, каде што 18-годишник уби 19 деца и двајца учители.