За денеска е најавен мирен протест на професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои бараат потпишување на Колективниот договор и зголемување на платите. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во врска со протестот вчера изјави дека е отворен за соработка, наведувајќи дека со ребалансот на буџетот е предвидено повисоки плати да имаат од септември, дека средствата се предвидени и таа постапка е почната од неговата претходничка Мила Царовска.
Се проширува списокот на штрајкови за поголеми плати, Владата во „небрано“
„Протестот не го гледам како добра постапка на синдикатот затоа што никогаш, ни од мене, ниту од Владата, не е кажано дека нема да има разговори и прекин на разговори и дека нема да имаат подобри услови. И во преговорите со СОНК баравме разбирање заради некои економски показатели кои не беа и не зависеа само од образование, туку и од економски движења кои не се само во нашата земја, туку и во регионот и подалеку. Така што, ако ова се закани, нека бидат предупредување, нека се реализира испитната сесија, рече Шаќири.