Попис 2021: Над 18 илјади луѓе се целосно неписмени

Над 95 проценти од резидентно население на возраст од над 15 години во државата се писмени, додека 1,2 проценти или 18 897 се неписмени. Поголемиот дел од писменото население се жени, но и над две третини од тие што се неписмени. Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Од вкупно резидентно население на возраст од 15+ години, 1 461 295 се писмени – од кои 721 734 се мажи и 739 561 се жени. Неписмени се 18 897 од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени. Од вкупно 1 525 366 резидентно население на возраст од над 15 години за 45 174 нема податоци.

Околу 1, 5 проценти од вкупното население на возраст од над 15 години се без образование, додека 4,1 процент не го завршиле во целост основното образование.

Фали село, живеј во град или бегај од државата

Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години 423 456 лица или 27,8 отсто се со основно образование, 672 375 лица или 44,1 отсто се со средно образование, 263 349 лица или 17,3 отсто се со високо образование, 29 654 лица или 1,9 отсто се со магистратура, 6 037 лица или 0,4 отсто се со докторат, а 45 174 лица или 3,0 отсто се со непозната школска подготовка.