Папата Франциск- Во војна не се користи житото и храната како оружје

Папата Франциск предупреди дека храната не може и не треба да стане оружје во војната што Русија ја започна против Украина. 85-годишниот Папа за време на редовна аудиенција на плоштадот Свети Петар во Ватикан изјави дека блокадата на извозот на жито од Украина, од која зависат милиони луѓе, особено во најсиромашните земји, „предизвикува голема загриженост“.

„Ве молам, во војна не се користи жито, основна храна, како оружје!“ рече тој, додавајќи дека мора да се направи се за да се реши проблемот и да се гарантира основното право на луѓето на основните прехранбени производи.

Откако ја нападна Украина на 24 февруари, Русија ги блокираше пристаништата на Украина, со што беше запрена испораката на илјадници тони жито од еден од најголемите светски добавувачи. Украинските власти, исто така, ја обвинија Русија дека краде резерви на жито од Украина и ги испраќа дома.

Папата Франциск бара средба со Путин

На 1 јуни, Кремљ рече дека санкциите наметнати на Русија од Западот и потезите на Украина се виновни за потенцијалната криза со храна.