Одговорните лица во општините Петровец, Сарај, Брвеница, Чаир како и во Државното правобранителство да бидат кривично гонети бара Антикорупциска комисија поради исплата на пари на ТВ-водителката Бесмира Ејупи. Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука за овој предмет да поднесе иницијативи до Јавното обвинителство за покренување постапки за гонење на одговорните лица.
Антикорупциската комисија отвори предмет по допрен глас по објавата во медуимите дека на Ејупи од неколку институции ѝ биле исплаќани пари по договор за дело.
„Имајќи предвид дека нашиот Закон во член 2 вели дека под корупција се подразбира злоупотреба на функција јавно овластување, службена должност или положба за остварување корист директно преку посредник за себе и за други, јасно е дека за овие ситуации постои таква можност за кривично гонење“, изјави Катица Николовска, член на ДКСК, која на денешната седница го образложи предметот од документите што ги добиле од институциите.
Според документите кои ги добиле од институциите, ДКСК утврдила дека Ејупи има два договора со Државното правобранителство, првиот од март 2021 и вториот се уште активен во 2022 година со делокруг на работни задачи од Одделение на општи и заеднички работи, работно место за кое веќе имало вработо едно лице.
Кај сите кисинџери, таму и една Бесмира
Според Николовска, карактеристично е тоа што во извештаите за извршените работи секој месец се користени исти зборови, иста содржина, ист распоред, дури се користи еден терк за секој месечен извештај.
Во општина Чаир истото лицето има два договори почнувајќи од 15 март 2021 година, согласно кои треба да врши студиско аналитички нормативно правни работи од делокруг на Одделение за општи и заеднички работи, што како што истакна Николовска, се буквално истите задачи предвидени во ангажманот во Државното правобранителство.
„Она што е интересно е што Општина Чаир воопшто нема одделение за општи и заеднички работи и нема советник за општи и заеднички работи. Очигледно е дека постои координирана активност на кој основ и по кој модус да се ангажира лицето за да обезбедува приходи. Во јануари 2022 година договорот со ова лице е раскинат“, изјави таа.
Според Николовска, во извештаите има ист наратив како во оние за сработеното од Државното правобранителство, но, вели, дополнително е известено и за следење на медиумите поврзано со општина Чаир и на градоначалникот, како и за активностите за време на изборната кампања.
Ова лице имало и три договори со Општина Сарај, од 1 април 2021, со кои требало да организира работи кои се во надлежност на градоначалникот, протокол, прес-конференции, средби и друго.
Груби демантира дека Владата именувала нов конзул во Њујорк
Според ДКСК, од доставениот акт за вработени во општинската адмистрација, евидентно е дека во систематизацијата имало предвидено работно место со активности кои се преклопуваат со задолженијата од договорот доделени на ова лице, а видно е и дека работното место е пополнето.
Таа објансува дека законот дозволува ангажирање на лице од надвор, но под услови кои што во овој случај не се исполнети, како на пример за замена на привремено отсутен работник, привремено зголемен обем на работа, сезонска работа, непредвидени краткотрајни активности, работа на проекти и пополнување на посебни места во кабинети на избрани личности.
Николовска истакна дека Државното правобранителство и општините Сарај и Чаир не бил исполнет услов на ваков начин да биде вработено лице, бидејќи, како што рече, за сите тие работни задачи кои се исполнуваат на одредено работно место веќе се ангажрани лица.
Жестоки реакции во јавноста предизвика владината одлука на затворена седница да ја испрати 28-годишната ТВ презентерката Бесмира Ејупи за генерален конзул во Њујорк во февруари годинава, која во јавноста беше критикувана дека нема соодветно искуство за позицијата.По оваа објава дел од медиумите открија дека тв водителката добивала хонорари од неколку институции истовремено.