Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривична пријава до ОЈО против поранешните генерални секретари на Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зекири. Причината овој пат се злоупотреба на службена должност со склучување авторски договори со лица од надвор за кои од буџетот за 5 години биле потрошени речиси 2,5 милиони евра.
Рашковски и Зекири веќе се во притвор поради обвиненија за злоупотреба на службена должност за други предмети.
Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска изјави дека Генералниот секретаријат зангажирал поголем број физички лица надвор од редот на вработените, при што биле исплаќани хонорари, кои само за еден месец изнесувале над 37 илјади евра односно над милион евра за две години, конкретно 2019 и 2020 година.
Апелација ја одби жалбата, Зекири останува во притвор
Според одговорот од Генералниот секретаријат на 31.10.2021 година вработени во редовен работен однос биле 253, преку авторска Агенција во тој момент биле 54, а отстапени работници преку приватна Агенција 18 и ангажирани преку договор за дело осум лица.
Генералниот сдекретаријат пред склучување на договорот, писмено се обраќал до авторската Агенција, од која барал склучување авторски договор со конкретни лица, чии лични податоци се содржани во барањето, во кое се наведени задачите што лицето ќе ги извршува, месечниот надоместок, периодот на ангажманот, велат од Антикорупциската комисија.
Во периодот од 2017 до 2021 година од Генералниот секретаријат до Агенција за интелектуална сопственост „Артпицк“ испратени се повеќе од 170 барања за изработка и склучување авторски договори со конкретни лица.
ДКСК твди дека има сознанија дека во периодот од 2017 година до 2021 година врз основа на овие авторски договори од страна на Генерланиот секретаријат биле исплатени најмалку 2,5 милиони евра.
Од ДКСК укажуваат дека врз основа на документација која им била дадена на увид, доминантна е застапеноста на ангажмани за подолг период за што се вршени повеќекратни исплати, еднаш месечно и по лица и за изршување задачи.
Во спроведени девет постапки за јавна набавка на услуги од авторска агенција од 2017 година до 2021 година биле склучени девет договори со истата агенција за интелектуална сопственост, која во сите постапки понудила иста цена на провизија, што била критериум за избор од 0,01 процент од бруто надоместокот по поединечно склучен договор, појасни Ивановска.
Таа додаде дека според документите во кои имале увид биле ангажирани лица со авторски договори, со различно времетраење, од кои дел се продолжувани со анекси, извршувани се повторливи дневни задачи и активности за потребите на Генералниот секретаријат.
„Мал дел од активностите, од кои најголем дел се извршени во период од повеќе месеци, се поврзани со задачи вршени во насока на креирање на интелектуален труд, кој би можел да се квалификува како авторско дело, согласно дефиницијата на Законот“, рече Ивановска.
Таа смета дека постапките за вработување во јавниот сектор не се целосно транспарентни, посебно не во однос на критериумите пресудни за изборот, ниту се обезбедува увид на засегнатите страни во целата постпака.
„Се уште постојат злоупотребите на дискреционите овластувања, кои преку клиентелизмот, непотизмот се се поприсутни во институциите“, изјави Ивановска.
Идентификувани се 28 вработени лица за кои ДСКСК има сознание дека претходно биле ангажирани врз основа на авторски догвоори, што значи дека тие имале конкурентска предност пред останатите кои се јавиле на конкурс.
Обвинителството изведува докази во случајот против Рашковски
Инаку, Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.
Против Рашковски е отворен судски случај познат во јавноста како „Софтвери“ во кој тој е обвинет дека со злоупотреба на службена должност набавил софтвер за МВР кој не се користи, ниту бил во план да се користи при што овозмил богатење на трето лице. Дополнително Рашковски е обвинет и за вработување на хонорарци кои не извршувале никакви задачи, а парите кои од државната сметка легнувале на нивната, му ги враќале на рака на Рашковски.