Околу 86 килограми марихуана во вредност од околу 300.000 евра запленила македонската полиција со што, како што тврди МВР е пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија со крајна цел Грција. Во полициската акција е приведен 23 годишен маж додека се ослободувал од марихуната.
Акцијата била спроведена во утринските часови на регионалниот пат Битола-Прилеп. Сообраќајни полицајци при влезот во Прилеп, се обиделе да запрат патничко возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки. Но, возилото не сопрело, туку забрзало, оштетувајќи две службени возила на МВР и загрозувајќи ја безбедноста на полицајците.
Три македонски банди го држат црниот пазар со дрога
Од МВР велат дека подоцна 23 годишниот возач бил фатен и приведен додека ги исфрлал торбите од автомобилот покрај патот.
„Од извршениот увид, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, во торбите покрај возилото биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, кои се подигнати и предадени на вештачење. Воедно, при претрес извршен со судска наредба во домот на А.Г. во Охрид, биле пронајдени 17 куршуми со различен калибар“, изјави портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.
Американско - македонска фирма за канабис двапати мета на грабеж
Против приведениот е покрената кривична пријава за недозволена трговија со дрога и поседување оружје и напад на службено лице.